Историјат

  Почетоците на БИМ Свети Николе се од далечната 1957 година кога во состaвот на рудникот Богословец пуштено е производство на битуменски мешавини. Во 1962 година пуштено е производство на хидроизолациони ленти, битуменски маси, емулзии и раздредени битумени. Од тогаш фирмата настапува како самостојна организација и бележи континуиран развој.

  Нов период во својот растеж фирмата бележи од 1977 година кога е пуштена потполно нова линија за производство на битуменски хидроизолациони ленти набавена од производителот Др. Рајзер од Германија. Во исто време купана е лиценца за производство на еластомерни ленти од фирмата ,,MEYNADIER,, од Швајцарија при што бевме први производители на еластомерни ленти со заштитен знак - Бикутоп - во тогашна Југославија. Истата година пуштен е во употреба нов погон за оксидација на битумени, погон за конфекционирање на индустриски битумен во пластични вреќи, погон за битуменски маси, погон за разредени битумени, пасти и китови, како и погон за производство на битуменска емулзија. Со новите погони значително се овозможи подобрување на квалитетот на сопствените производи и поголеми развојни можности.

  Од 1985 година БИМ започнува со производство на битуменска шиндра, а значаен сегмент во развојот на полимерните битумени започнува од 1988 година кога во производство се пуштени поголем број на нови производи како ладна паста Бимизол, Полимерни китови, Маса за фуги, Бикумаса-М и многу други производи.

  Посебен придонес при изградба на патиштата БИМ даде со производство на полимер модифициран битумен (ПМБ) за патишта кој се произведува од 1998 година. Во тој период БИМ беше меѓу првите производители на ПМБ на Балканот.

  Во 2011 година извршена е замена на греачите во топлинската станица од фирмата Вајсхаиб од Германија.

  Водејќи се од идејата дека мораме постојано да се модернизираме и да го унапредуваме нашето производство за што зборува и постојаниот пораст во асортиманот на производството, во 2013 година направена е реконструкција и модернизација на постојната линија за хидроизолациони ленти и производство на ПМБ. Реконструкцијата и модернизацијата ја изврши фирмата Боато од Италија, а истовремено е монтирана и опрема за производство на други типови на ПМБ за патишта како што е Елвалојот.