Јавете се
БИТУЛИТ ЕКО

БИТУЛИТ ЕКО

Битуменски основен прајмер на база на вода

Опис на производ Битуменски прајмер на база на вода, кој во својот состав не содржи органски растворувачи.
EN Стандард EN 15322

ПРИМЕНА:

Се применува како основен премаз, прајмер за врска на подлогата (бетон, челик, дрво) со битуменската хидроизолација.

ВГРАДУВАЊЕ:

Рамномерно се нанесува со четка, ваљак или со прскање на сува и чиста површина. Вградувањето не треба да се врши на температури под +5°С.

ПАКУВАЊЕ:

Во лимени канти или пластична амбалажа.