БИКУТОП ПЕ АЛ 4 mm
Еластомерна (SBS) битуменска лента како слој за изедначување на парен притисок и парна брана, со влошка од алуминизиран стаклен воал
| Опис на производ | Полимер-модифицирана битуменска хидроизолациона лента произведена од еластомерна битуменска маса (SBS). | ||
| EN стандард | EN 13707 EN 13969 |
||
| Површинска заштита | Горна страна: | Крупен песок или стиропор гранули | ![]() |
| Долна страна: | Полиетиленска фолија | ![]() |
|
| Влошка | Алуминизиран стаклен воал | ||
| Дебелина | 4,0 ± 0,2 mm | ||
ПРИМЕНА:
Се применува како слој за парна брана и слој за изедначување на парен притисок во повеќеслојни системи на хидроизолација на рамни кровови и се поставува пред термичката изолација. Гранулите ја одвојуваат лентата од подлогата и се овозможува подобра циркулација на парниот притисок. Покрај тоа лентата служи и како слој за хидроизолација. Во системот на хидроизолација може да се комбинира со други видови на битуменски ленти, во повеќе слоеви.
ВГРАДУВАЊЕ:
Вградувањето се врши со положување на лентата (од страната на гранулите) на подлогата, пунктирање на лентата со ладна битуменска паста, и заварување на преклопите од 10 cm на лентите со помош на пламеници /бренери.
ПАКУВАЊЕ:
Ролна: 10m² (1 m x 10 m)

