Јавете се
ПмБ КН – 60

ПмБ КН – 60

Полимер – модифицирана катјонска нестабилна битуменска емулзија

Опис на производ Хомоген дисперзен систем, без цврсти примеси, составен од полимер-модифициран битумен дисперзиран во вид на ситни честички во вода, која што содржи соодветно катјон-активно емулгирачко средство.
EN Стандард    EN 13808

ПРИМЕНА:

Се употребува како сврзувачки слој помеѓу асфалтните слоеви во коловозните конструкции каде асфалтната мешавина е со полимер-модифицран битумен. Додавањето полимер ги подобрува адхезивните својства на битуменот, обезбедува поголема лепливост и цврста врска помеѓу асфалтните слоеви.

ВГРАДУВАЊЕ:

Рамномерно се нанесува со прскање на сува, чиста површина на асфалтниот слој. Вградувањето не треба да се врши на температури под +5°С.

ПАКУВАЊЕ:

Во лимени буриња, пластични канистри или автоцистерни.