Јавете се
БИМИЗОЛ ЕКО

БИМИЗОЛ ЕКО

Еластомерна еколошка битуменска паста за хидроизолација

Опис на производ Еластомерна еколошка битуменска паста за хидроизолација по ладна постапка, на база на битумен, еластомери (SBS) и полнители, без органски растворувачи.
Стандард МКС У.М3.240

ПРИМЕНА:

БИМИЗОЛ ЕКО се применува за хидроизолација на рамни покриви (рамни површини, продори, сливници) и мокри чворови (купатила, перални); за заштита од корозија на метални површини, цевководи и цистерни и за санација и репарација на стари објекти. Се аплицира на најралични подлоги (бетон, малтер, метал, дрво, стара хидроизолација).

ВГРАДУВАЊЕ:

Се нанесува по ладна постапка со глетарка на сува, чиста обеспрашена и рамна површина, која се премачкува со битуменски прајмер.

ПАКУВАЊЕ:

Во лимени канти.