БИМСЕЛФ П 2 mm
Самолеплива еластомерна (SBS) битуменска лента за хидроизолација со влошка од полиестерски филц
| Опис на производ | Самолеплива полимер-модифицирана битуменска хидроизолациона лента произведена од еластомерна битуменска маса (SBS). | ||
| EN стандард | EN 13707 EN 13969 |
||
| Површинска заштита | Горна страна: | Полиетиленска фолија | ![]() |
| Долна страна: | Силиконизирана фолија | ![]() |
|
| Влошка | Полиестерски филц | ||
| Дебелина | 2,0 ± 0,2mm | ||
ПРИМЕНА:
Се применува како самолеплив прв слој во повеќеслојни системи на хидроизолации, посебно врз пенести и чувствителни на температура топлинско-изолациски материјали (термичката изолација на рамни кровови, тераси, партери и сл.). Погоден е и за изведување на: хидроизолација на други подземни и надземни делови на објекти со поголеми напрегања на подлогата и потреба од флексибилност на ниски температури, каде што е невозможно изведба по топла постапка (со топол битумен или со заварување со пламеници). Во системот на хидроизолација може да се вградува како еден слој или да се комбинира со други видови на битуменски ленти, во повеќе слоеви.
ВГРАДУВАЊЕ:
Вградувањето се врши по ладна постапка со натиснување врз подлогата. Притоа паралелно се извлекува заштитната силиконизирана фолија. Наредната лента се положува почнувајќи од самолепливиот слој за преклоп, со претходно отстранување на заштитната фолија на преклопот.
ПАКУВАЊЕ:
Ролна:10m² (1m x 10m)

