Битуменски хидроизолациони ленти

Наоѓаат широка примена како во нискоградбата така и во високоградбата. Се користат за изведување на хидроизолација на рамни кровови и кровни градини, подземни објекти каде постои влага, подземни води и води под протисок. Во зависност од составот и намената постојат неколку типови и тоа: еластомерни битуменски ленти (Бикутоп), пластомерни битуменски ленти (Бимпласт) и др.

Еластомерни битуменски пасти и разредени битумени

Битуменската паста Бимизол е еднокомпонентен хомоген премаз на база на битумен, полимер, растворувачи и полнила. Се применува по ладна постапка и служи за хидроизолација на рамни кровови, купатила, санација на стара хидроизолација и др. Разредените битумени се користат како основен премаз (прајмер, грунд) за метална, бетонска и дрвена подлога. Битуменски лепак за паркет е погоден за лепење на сите видови на паркети, а алуминобитот се користи како завршен рефлектирачки заштитен слој.

Индустриски битумени и битуменски маси за топла постапка

Се користат за залевање на сите видови бетонски, метални и дрвени спојки, хидроизолација на челични цевоводи, цистерни, гасоводи, паркети и сл. Наоѓаат примена и во сите видови подземни и надземни хидроизолации.

Битуменски производи за патишта

Наоѓаат примена во нискоградбата за изградба на патишта. Тука спаѓаат полимер модифицирани битумени за изработка на повеќе типови на асфалтни мешавини, битумени за топли асфалтни мешавини и хидроизолација на мостови. Исто така изработуваме анјонски, катјонски и полимерни емулзии, разредени битумени како основен премаз, производи за бетонски, асфалтни и метални спојки (фуги).

Битуменска шиндра

Кровен покривач од стаклен воал обложен од двете страни со специјална битуменска маса. Се применува за покривање на сите видови коси кровови со нагиб помеѓу 10 и 85 степени. Од горната страна шиндрата е посипана со дробен шкрилец во различни бои (црвена, зелена, сина и кафена) и различни форми.

slot