Јавете се

Учество на Саем за Градежништво во Скопје 2017

По повод 60 годишнина од постоење на БИМ а.д. Свети Николе на Саемот за Градежништво се одржа презентација на производната програма и примена на материјалите на БИМ а.д. Свети Николе на која присуствуваа 80 претставници од градежни фирми и проектантски бироа од Македонија.

Учество на Работилница за Европската регулатива бр.305/2011 за градежни производи

БИМ а.д. Свети Николе како претставник од македонските производители и извозник на своите градежни производи во земјите во ЕУ, ЕФТА и земји од нашиот регион, учествуваше со свој претставник на Работилница WS 4 на CPR во Охрид, организирана од Quality infrastructure in the Western Balkans

Здружение на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали на седницата одржана на 28.04.2015 година, го избра Претседателот на управниот одбор на БИМ а.д. Свети Николе Г-дин Стојанче Стојанов за Потпретседател на Здружението.

Учество на Саем за Градежништво во Скопје 2015

Интервју на Претседателот на Одборот на директори на БИМ а.д. Свети Николе Г-дин Стојанче Стојанов за телевизиските медиуми

Благодарница од Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Градежниот Факултет во Скопје

По повод јубилејот 65 години од почеток со работа, градежниот факултет издаде Благодарница на БИМ ад Свети Николе за успешна соработка и придонес во развојот на факултетот.

Универзитет Св. Кирил и Методиј-Скопје – Градежен Факултет

По повод одбележување на јубилеј 45 години од формирање на Друштвото за патишта на Република Македонија и Стручно советување на тема: „Автопатиштата, клуч за понатамошен економски развој на Република Македонија“, Претседателот на Одборот на Директори на БИМ а.д. Свети Николе Г-дин Стојанче Стојанов во стручниот дел на настанот одржа презентација на тема: ,,Примена на полимер битумени при изградба на коловозните конструкции,,