Јавете се

БИМ АД Свети Николе – Платинест спонзор на Третиот македонски конгрес за патишта 2025

На 6 и 7 ноември 2025 година, во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје, се одржа Третиот македонски конгрес за патишта 2025, еден од најзначајните стручни настани во областа на патната инфраструктура во земјата и регионот.

БИМ АД Свети Николе учествуваше како платинест спонзор, потврдувајќи ја својата стратешка определба за континуиран придонес за изградбата на патишта. Конгресот беше организиран од Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ). БИМ АД. Свети Николе остварува долгорочна и успешна соработка со ДПМ уште од неговото основање.

Презентација на Научен труд – Полимер- модифицирана битуменска емулзија (ПМБЕ) во споредба со класична битуменска емулзија

На 7 Ноември 2025 година, во рамки на Третиот конгрес за патишта, од страна на инженерот за примена на БИМ АД, м.и.а Љубомир Трајчев беше презентиран научниот труд – Полимер- модифицирана битуменска емулзија (ПМБЕ) во споредба со класична битуменска емулзија.

Научниот труд е изготвен од авторите м.и.а Љубомир Трајчев и дипл. инж. тех. Стојанче Стојанов.

Дипл. инж. тех. Стојанче Стојанов воедно беше ко-автор на научен труд – Innovative method for using Reclaimed Asphalt Pavement (RAP)
with high-strength modifiers

Г-дин Стојанче Стојанов, претседател на Одборот на директори на БИМ АД Свети Николе, е претставен во Монографијата „500 најзаслужни за развој на одржливо претприемништво и нови економии за Средна и Југоисточна Европа 2014–2024“

Г-дин Стојанче Стојанов, претседател на Одборот на директори на БИМ АД Свети Николе, е претставен во Монографијата „500 најзаслужни за развој на одржливо претприемништво и нови економии за Средна и Југоисточна Европа 2014–2024“, издадена во 2025 година. Тој е препознаен како еден од поистакнатите претприемачи во регионот.

Неговото лидерство и визија придонесоа за стабилен развој на компанијата. БИМ АД Свети Николе се позиционира како современа и респектабилна компанија, која се фокусира на квалитет, иновации и одржливо работење.

Монографијата беше претставена на „Светскиот конгрес за претприемништво Словенија 2025, “ во периодот од 15-19.10.2025 година во Љубљана и Рогашка Слатина, Словенија.

БИМ АД Свети Николе – Бронзен спонзор на 21 меѓународен симпозиум ДГКМ/ MASE

На ден 24 до 27 Септември 2025 година, во Охрид се одржа 21-от Меѓународен симпозиум на ДГКМ/MASE, еден од позначајните настани за градежништвото во Македонија.

БИМ АД Свети Николе учествуваше како бронзен спонзор, потврдувајќи го својот континуиран придонес во градежништвото.

100 години искуство – Г-дин Стојанче Стојанов претставен во монографија за личностите и настаните кои ги одбележаа последните 25 години

Г-дин Стојанче Стојанов, Претседател на ОД на БИМ а.д. Свети Николе, беше претставенво монографијата за личностите и настаните кои ги одбележаа последните 25 години во книгата насловена како ,,100 години искуство,, издадена од Стопанска комора на РСМ. 

Инвестиција во постројка за Полимермодифициран битумен за патишта и постројка за битуменска емулзија

Со набавка на постројка за Полимермодифициран битумен од реномираниот италијански производител MASSENZA и постројка за битуменска емулзија,БИМ а.д. Свети Николе го зголеми постоечкиот капацитет за производство на ПМБ и битуменска емулзија.

Г-дин Стојанче Стојанов избран за Потпретседател на Друштво за патишта на Република Македонија

На Изборното Собрание на Друштво за патишта на Република Македонија што се одржа во Декември 2021 година, Претседателот на Одбор на директори на БИМ а.д. Свети Николе дипл. инг. Стојанче Стојанов е избран за Потпретседател на Друштво за патишта на Република Македонија.

Презентација на меѓународниот научен проект: ,,ПРИМЕНА НА ПМБ ВО НОСЕЧКИТЕ АСФАЛТИ СЛОЕВИ НА КОЛОВОЗНАТА КОНСТРУКЦИЈА КАЈ ПАТИШТАТА СО ТЕШКО СООБРАЌАЈНО ОПТОВАРУВАЊЕ И АВТОПАТИШТА,,

На 17 Мај 2019 година во хотел Холидеј Ин, Друштвото за патишта на Македонија во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта на РМ, поддржани од Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје и Градежниот факултет при УКИМ, одржаа Презентација на меѓународниот научен проект: ,,ПРИМЕНА НА ПМБ ВО НОСЕЧКИТЕ АСФАЛТИ СЛОЕВИ НА КОЛОВОЗНАТА КОНСТРУКЦИЈА КАЈ ПАТИШТАТА СО ТЕШКО СООБРАЌАЈНО ОПТОВАРУВАЊЕ И АВТОПАТИШТА.,, Покрај домашните компании БИМ а.д. Свети Николе и ГД Гранит а.д. Скопје, во проектот учествуваше американската компанија DOW и Чешкиот технички универзитет во Прага. На Презентацијата присуствуваа 150 стручни лица од домашни и странски компании од областа на патиштата. Свое обраќање до присутните имаа Претседателот на ДПМ В. Проф. д-р Горан Мијоски, Раководителот на ДАУ за пазарите на Европа, Блиски исток и Африка д-р инж. Петко Крстев, Деканот на Градежен факултет – Скопје Проф. д-р Дарко Мославац, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Никола Јанкуловски, Директорот на ЈПДП Г-дин Зоран Китанов, дипл. Правник, Министерот за транспорт и врски во Владата на РС Македонија г-дин Горан Сугарески, а свои теми со презентации во врска со меѓународниот научен проект имаа Џозеф Хамачек (Регионален претставник на ЦИЕ Инфраструктура, ДАУ Европа): Различни технологии за модификација на битумен, В. Проф. д-р Отокар Вацин (Чешки технички Универзитет – Прага и Глобален претставник за апликативни технологии на ДАУ Европа): Полимер модифицирани битумени со еластомерни тер полимери и нивни мешавини со други полимери, д-р инж. Петко Крстев (Менаџер за развој на ЕМЕА инфраструктура, ДАУ Европа): Споредба на различни асфалтни мешавини со ПмБ вградени на експерименталната делница од автопатот А1 и В. Проф. д-р Горан Мијоски (Градежен факултет – Скопје): Презентација на резултатите од испитувањата на површинските карактеристики на коловозот.

Голема награда „Творец на векот“ за животно дело во претприемништвото со златна лента – за 2018 година за Г-дин Стојанче Стојанов

Долгогодишниот директор, а сегашен Претседател на Одборот на директори на компанијата БИМ а.д. од Свети Николе, Г-дин Стојанче Стојанов на шестиот „Регионален самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа – 300 НАЈДОБРИ“, кој од 22 до 24 март 2019 година се одржа во Дубровник, Република Хрватска, ја доби престижната – Голема награда „Творец на векот“ за животно дело во претприемништвото со златна лента – за 2018 година, како признание за личниот придонес и успех во развивањето на претприемништвото. Наградата е добиена во конкуренција на 363 прептриемачи од Австрија, Чешка, Украина, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Словенија, Албанија, Бугарија, Кипар, Грција, Италија, Молдавија, Романија, Украина, Унгарија, Турција, Србија, Германија, Полска, Словачка и Швајцарија и претставува највисоката награда што се доделува на таа манифестација.

Златна Плакета за придонес во развојот на технологиите на материјали за изградба на патиштата во Република Македонија

Друштвото за патишта на Република Македонија по повод 50 години од основањето, му доделува Златна Плакета на БИМ а.д. Свети Николе за придонес во развојот на технологиите на материјали за изградбана патиштата во Република Македонија

СЕ ознака на производите на БИМ а.д. Свети Николе

Бим а.д. Свети Николе ги сертифицираше своите производи по европски стандарди и доби право за нивна употреба во Европската унија. Сертифицирањето го изврши Европско нотификационо тело ,,НИСИ,,