Презентација на меѓународниот научен проект: ,,ПРИМЕНА НА ПМБ ВО НОСЕЧКИТЕ АСФАЛТИ СЛОЕВИ НА КОЛОВОЗНАТА КОНСТРУКЦИЈА КАЈ ПАТИШТАТА СО ТЕШКО СООБРАЌАЈНО ОПТОВАРУВАЊЕ И АВТОПАТИШТА,,

На 17 Мај 2019 година во хотел Холидеј Ин, Друштвото за патишта на Македонија во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта на РМ, поддржани од Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје и Градежниот факултет при УКИМ, одржаа Презентација на меѓународниот научен проект: ,,ПРИМЕНА НА ПМБ ВО НОСЕЧКИТЕ АСФАЛТИ СЛОЕВИ НА КОЛОВОЗНАТА КОНСТРУКЦИЈА КАЈ ПАТИШТАТА СО ТЕШКО СООБРАЌАЈНО ОПТОВАРУВАЊЕ И АВТОПАТИШТА.,, Покрај домашните компании БИМ а.д. Свети Николе и ГД Гранит а.д. Скопје, во проектот учествуваше американската компанија DOW и Чешкиот технички универзитет во Прага. На Презентацијата присуствуваа 150 стручни лица од домашни и странски компании од областа на патиштата. Свое обраќање до присутните имаа Претседателот на ДПМ В. Проф. д-р Горан Мијоски, Раководителот на ДАУ за пазарите на Европа, Блиски исток и Африка д-р инж. Петко Крстев, Деканот на Градежен факултет – Скопје Проф. д-р Дарко Мославац, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Никола Јанкуловски,  Директорот на ЈПДП Г-дин Зоран Китанов, дипл. Правник, Министерот за транспорт и врски во Владата на РС Македонија г-дин Горан Сугарески, а свои теми со презентации во врска со меѓународниот научен проект имаа Џозеф Хамачек (Регионален претставник на ЦИЕ Инфраструктура, ДАУ Европа): Различни технологии за модификација на битумен, В. Проф. д-р Отокар Вацин (Чешки технички Универзитет – Прага и Глобален претставник за апликативни технологии на ДАУ Европа): Полимер модифицирани битумени со еластомерни тер полимери и нивни мешавини со други полимери, д-р инж. Петко Крстев (Менаџер за развој на ЕМЕА инфраструктура, ДАУ Европа): Споредба на различни асфалтни мешавини со ПмБ вградени на експерименталната делница од автопатот А1 и В. Проф. д-р Горан Мијоски (Градежен факултет – Скопје): Презентација на резултатите од испитувањата на површинските карактеристики на коловозот.

icon Новости
slot